Во рамките на Неделата за борба против гладта, денеска од 18:30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе се оддржи хумористичната претстава „Ромео и дадилката Јулија“, во организација на волонтерите од општинската организација на Црвениот крст.
„Ги повикуваме сите граѓаните, да дојдат во Центарот за култура и да ја проследат одличната претставата со наслов „Ромео и дадилакта Јулија“. Се работи за комедија, која ја подготвија нашите волонтери од Црвениот крст. Исто така, во организација на Младиснкиот совет при локалната самоуправа, ќе се оддржи и концерт. Мислам дека сите ќе бидат задоволни, а сите собрани средства од продажбата на влезници и продажбата на оригами кои ги изработуваат нашите волонтери, ќе бидат наменети за набавка на прехрамбени пакети.“ – велат од Црвениот крст – Охрид.
Во рамки на активностите по повод Неделата на борба против гладта, денеска, во Центарот за култура „Григор Прличев”, од 18:00-20:00 ч. ќе се одвива хуманитарен хепенинг кој ќе опфати повеќе содржини: презентација и продажба на оригами производи изработени од членовите на оригами клубот при Црвен крст Охрид, а свој музички настап ќе имаат и членовите на Музичкиот клуб при универзитетот Св. Апостол Павле од Охрид.
Собраните средства од хуманитарните активности ќе бидат искористени за набавка на прехрамбени производи наменети за социјално загрозените семејства од Охрид.
Инаку, акцијата Недела за борба против гладта општинскиот Црвен крст, ја реализира со поддрѓка на Локалниот совет на млади, градоначалникот Никола Бакрачески, локалната самоуправа, јавниот и приватниот сектор и граѓаните.
O.T.












