Костал Македонија како дел од своите општествено одговорни активности, во соработка со НП „Галичица“ и ЈП „Охридски Комуналец“ ќе реализира волонтерска акција за чистење на падините на НП „Галичица“.

Акцијата е планирана да се реализира во сабота, 13 април, со почеток во 9 часот.

Збирно место е почетокот на планинарската патека кај бензиската пумпа на Макпетрол на кружниот тек кај СРЦ „Билјанини извори“.

Сите заинтересирани ентузијасти се добредојдени, посочуваат организаторите.

OhridNews