Шампионот на Германија, Баерн Минхен остана без еден трофеј уште на стартот од новата сезона откако претрпе пораз на пенали 5-4 (1-1) во Супер купот.


„Баварците“ само една минута ги делеше старт со трофеј, но џокерот Никлас Бетнер ја скрати радоста во 90-та минута. Претходно за водство на Баерн Минхен погоди Арјен Робен.


Во пенал серијата Баерн Минхен промаши во втората серија, а „волците“ не погрешија и го освоија трофејот во Супер купот на Германија и најавија возбудлива сезона во Бундес лигата.

Ohridnews