Екипата на Борусија Дортмунд му одржа вистинска лекција по модерен фудбал на Волфзбург победувајќи го 5-1 на „Волксваген арената“ во 4-та рунда од Бундес лигата.
„Милионерите“ ги скротија фудбалерите на Волфзбург како мачиња иако нивниот прекар во модерниот фудбал е „волци“. Гостите од Дортмунд во 4-та и 16-та погодија и одлично го отворија резултатот.
Домаќините во 53-та минута се вратија во игра, но Дортмунд со нови три погодоци го „здроби“ домашниот состав за убедлива победа.
Резултати: Дармштад – Хофенхајм 1-1, Фрајбург – Хамбургер 1-0, Инголштад – Ајнтрахт Франкфурт 0-2, Волфзбург – Борусија Дортмунд 1-5.
OhridNews