Како што тој потенцира, овој период ќе биде доволен да се поправат недостатоците и проблемите кои се појавиле по воведувањето на наплатата.
– Предложив во наредниот период, до почеток на сезоната, да нема паркирање со наплата и секаде да е бесплатно. За тоа време ќе видиме како тоа ќе функционира и што треба да се преземе со цел да се поправат оние проблеми кои се случуваа во сезоната, изјави градоначалникот Петрески.
Ова следува по бројните реакции на граѓаните и тоа што и покрај налогот издаден од страна на полицијата, наплатните рампи сеуште не се отстранети.
– Секоја одлука треба да се почитува и рампите треба да се отстранат.Концесионерот треба да најде друг начин како да го организира паркирањето.Сега вратено е времето од 15 минути за поминување и со оглед на тоа што нема гужви нема проблеми, рече Петрески.
За проблемите поврзани околу наплаќањето на паркинзите ќе се расправа и на 56- та седница на советот закажана на 5- ти декември, каде меѓу трите точки на дневен ред е и предлог одлуката за започнување на постапката за доделување на договор за давање под долготраен закуп на паркинг простори во општина Охрид .