Водечката четворка во англиската Премиер лига Лестер, Тотенхем, Арсенал и Манчестер Сити нема по добро да го памети вондредното 28-то коло.


На ремито од лидерот на табелата Лестер со Вест Бромвич Албион со пораз одговорија и Тотенхем, Арсенал и Манчестер Сити.

Тотенхем пропушти шанса да го запоседни врвот во Премиер лигата откако претрпе пораз (1-0) од Вест Хем во лондонската пресметка.


Арсенал, пак, им приреди ново разочарување на навивачите на Емирати губејќи од Свонси 2-1. Претходно, „топчиите“ со празни раце заминаа од Олд Трафорд каде претрпеа пораз од Манчестер Јунајтед.


Ливерпул во репризата од финалето во Лига Купот со 3-0 го совладаа Манчестер Сити и најде мала утеха за поразот на пенали.


Значаен триумф забележа Манчестер Јунајтед против Ватфорд (1-0) со кој комплетно се враќа во игра за едно од местата кои водат во Лигата на Шампиони.


Резултати: Арсенал – Свонси 1-2, Вест Хем – Тотенхем 1-0, Ливерпул – Мен Сити 3-0, Мен Ју – Ватфорд 1-0, Стоук – Њукасл 1-0.

Табела: Лестер 57, Тотенхем 54, Арсенал 51, Мен Сити 47 (-1), Мен Ју 47…

OhridNews