Реализирани повеќе инспекциски надзори во комплексот Св. Наум од страна на Државниот Инспекторат за животна срединаи од Државен Инспектор за животна средина, Водостопански Инспектор и Државен Инспектор за заштита на природата .
Државен Инспектор за животна средина при инспекцискиот надзор константира дека еден правен субјект кој во Водостопанската согласност за дрвени платформи поставени на водна површина во близина на крајбрежното езерце има дозвола за користење на 6 (шест) дрвени платформи од кои четири не се фиксни, а две се фиксни, има 6 (шест) подвижни платформи и 2 (две) фиксни, односно дека има повеќе 2 (две) подвижни платформи од она што е одобрено во дозволата, се вели во соопштението.
При надзорот на лице место е констатирано дека правниот субјект има Анекс на спогодба за регулирање на меѓусебните права и обврски со субјект кој врши дејност во заштитено подрачје-Национален Парк Галичица.
Но, при инспекцискиот надзор на лице место е утврдено дека дека правниот субјект не ја почитува спогодбата за регулирање на меѓусебните права и обврски кој врши дејност во заштитено подрачје-Национален Парк Галичица и изведува активности кои можаат да предизвикаат промени и оштетувања на природното наследство или природно богатство, што е спротивно спогодбата што е со ЈУНП Галичица, додаваат од ДИЖС.
ДИЖС продолжува континуирано со спроведување на инспекциски надзори во Охридско-струшкиот регион и крајбрежјето, а во есенскиот период е договорена обука за чуварската служба-ренџерите во НП Галичица во делот на изготвување на документација за санкционирање на прекршителите.
OhridNews













