ВМРО ДПМНЕ на 23-ти декември ќе одржи вонреден конгрес, на кој ќе биде разгледана оставката на претседателот Никола Груевски, одлучи вечерва Извршниот комитет на партијата.
-Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка. Партијата, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализта на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. – изјави лидерот на најголемата опозициска партија на 1-ви декември.
OhridNews