Утре кон крајот на денот во северните делови ќе има локален дожд со ретки грмежи. Од вторник се очекува значителна промена на времето. Под влијание на серија на влажни воздушни бранови, во вторник и среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, а поголеми количини на воден талог се очекуваат во западните и јужните делови од земјата.

Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во четврток и петок ќе има и локална појава на гнестабилност, а дневната температура ќе биде во постепен пораст, информира вонредната прогноза УХМР Македонија.

OhridNews