Поради зголемените потреби од крв и крвни продукти во летниот период, Црвен крст Охрид , утре,   16-ти јули,  организира крводарителска акција што ќе се одржи од 09-15 ч. на платото пред Студенстскиот дом “Никола Карев”.

-На оваа крводарителска акција хуманоста ќе ја покажат нашите традиционални пријатели  крводарителите од друштвото на крводарители од “Ѓорче Петров” од Скопје и од Здружението на крводарители од Тутунскиот комбинат Прилеп, информираат од Црвениот крст.

Во насока на обезбедување на потребните количества на крв, вонредна крводарителска акција ќе се реализира и во текот на наредната недела кога крв ќе даруваат спасителите на вода од Единицата за безбедност на вода на Црвен крст Охрид.  

OhridNews