Не се утврдени неправилности при назначувањето на Д-р Никола Бакрачески за раководител на одделот за аритмии по неговото враќање на работа во Заводот за кардиологиј во Охрид, утврдил вонредниот инспекциски надзор направен вчера, соопшти од Министертвото за здравство. Согласно законот тој во рок од 15 дена по престанокот на градоначалничката функција имал право да се врати на работа во Заводот за кардиологија на позиција која одговара на неговото образование.

– Роковите се почитувани и моментно во Заводот е поставен на работно место раководител на отсекот за аритмии за што во согласност со систематизацијата потребно е високо образование Медицински факултет – специјалист интернист или супспецијалист кардиолог. Напоменуваме дека во установата, независно на кој отсек се водат вработените, постојано ротираат на сите отсеци, така што и д-р Никола Бакрачески, по враќањето во Заводот, вршел интервенција коронарографија.- стои во соопштението.

Што се однесува до поставувањето на д-р Зоран Доневски, специјалист интернист со супспецијализација кардиологија во раководител на болничкиот сектор, исто така не се утврдени неправилности. Тој претходно раководител на отсекот за ергометриско тестирање, а распределен е по хоризонтала поради заминување на предходниот вработен на тоа работно место на специјализација во Скопје и во тек е постапка за известување на Државната комисија за спречување корупција, утврдил Вонредниот инспекциски надзор во Заводот за кардиологија.

OhridNews