На Собранието се избрани нови работни тела, a меѓудругото делегатите за нов председател го избраа Љупчо Поп-Стефанија. Легитимитет на Sобранието му дадоа представници на два од трите клуба.


Досега ЕФМ не работеше како треба, ваквиот развој на настаните не натера нас вљубениците во едрењето да го свикаме ова вонредно Собрание“ вели новоизбраниот генерален секретар Стефан Ставрев.


Едриличарството е спорт со долга традиција, а ние ќе се обидеме да му донесеме посветла иднина. Работите во едериличарскиот спорт не се мрднати од мртва точка во последните 15 години бидејќи председателот немаше слух за развој на самиот спорт. Сите овие работи разрешувањето на членовите на надзорниот и извршниот одбор и председателот на федерацијата требаше да се случат уште на 2 ноември мината година но сега веќе екс председателот Раде Кутаноски не најде време да свика редовно Собрание.

На 5 април годинава во Струга Собранието не се одржа бидејќи истото го напуштија делгатите на Е.К.“Снегар“ од Струга.Ваквиот развој на настаните не натера да свикаме вонредно Собрание, за кое покани беа упатени и на адреса на господинот Раде Кутаноски и Е.К.“Снегар“ вели Ставрев и надополнува дека и без присуството на Е.К.“Снегар“ собранието има целосен легитимитет.

Што се однесува до самото Собрание на него присуствуваа претставници на два од трите клуба кои според законот за спорт имаат дозвола за вршење дејност спорт. Присутни беа охридските клубови “АМАК-СП Бофор“ и “Стрмец“ ,отсуствуваа стружаните од клубот “Снегар“. Покрај изборот на органите и работните тела кои се непоходни за функционирање на федерацијата, делегатите за нов председател на ЕФМ го избраа долгогодишниот спортски работник Љупчо Поп-Стефанија.

Новиот претседател на делегатите им вети дека веднаш ќе започне со работа: “Пред мене и пред собранието стои обемна работа.Се надевам дека едриличарствоот во Македонија ќе го подигнеме на едно повисоко ниво.Ние како ново раководство ќе се ангажираме и за формирање на нови клубови и поголем просперитет и напредок на постоечките“.  

Вонредното Собрание на ЕФМ беше набљудувано и од представникот на Агенцијата за млади и спорт.

Н. Цветанов