Маскиран и вооружен разбојник ограбил експозитура на Македонска пошта во скопската населба Бутел на улицата Александар Урдаревски, информираат денеска од МВР.
Разбојникот вчера околу 17 часот влегол во поштата и со пиштол во рацете почнал да им се заканува на двете вработени. Украл ќеса со пари, во која неофицијално имало околу 400.000 денари.
По грабежот, разбојникот побегнал, а полицијата трага по него.












