Во охридската Полициска станица, вчеравечер, од страна на 32-годишно лице од Тирана било пријавено дека истиот ден околу 20.10 часот додека задно со неговите двајца пријатели од Елбасан се движеле по улицата „Крум Точко“ биле престретнати од патничко возило „Фолксваген Голф 5“ со непознати регистарски ознаки од кое излегле две непознати машки лица. Според кажување на пријавителот едно од лицата имало елек на кој пишувало полиција, а другото лице било вооружено при што сторителите им кажале да легнат на земја и им извршиле претрес и одзеле две ташни во кои имало патна исправа, лични карти, четири мобилни телефони.
Во едната ташна имало 4.000 долари, 450.000 леки, 700 евра, 60 турски лири и 300 денари, додека во другата имало 350 канадски долари 30 евра и 10 франки. Откако ги ограбиле, сторителите се упатиле во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
OhridNews












