Хрватската селекција се коцкаше со полуфиналната судбина на Европското првенство дозволувајќи и на Белорусија да се врати во игра за поволен резултат иако на полувремето имаше три голови негатива. Со два голови во последните две минути хрватите стигнаа до победа (25-23) која им беше планирана на стартот од главната фаза.
– Кога дојдовме на +4 мислевме дека ја имаме завршено работата, а погрешивме, многу погрешивме. Добро е што се извадовме и дојдовме до победата иако игравме многу лошо. Во оваа победа го видовме карактерот на селекцијата, бидејќи и кога не игравме како што треба никој не остапуваше од двата бодови кои единствено не оставаа во комбинација за полуфинале. – рече Игор Вори.
Искусниот пивотменимаше забелешки за атмосферата во загребската „Арена“, после пеколната атмосфера во Сплит. – Атмосферата во салата не беше ниту блиску од „пеколот“ во Сплит. Натпреварот го гледаа 8 000 луѓе, а ние не осетивме поддршка. Тоа влијаеше на играта и мислам дека на овој меч се загревавме и ние и навивачите.
Навивачите шанса за поправен ќе имаат на дуелот со Норвешка кој ќе одлучува за полуфиналната судбина на пулените од Лино Червар.
OhridNews