Со уредување на соблекувалните и санирање на оградата околу „Грашница“, Фудбалскиот клуб Воска ги започна подготовките за настапите во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Според условите од Третата лига стадионот мора да биде заграден, а соблекувалните функционални. Поради тоа на „Грашница“ се работи со забрзано темпо пред да помине инспекцијата од Третата лига.

Напоредно екипата полека ги пали моторите и почнува со активностите за што подобра физичка и тактичка подготвеност. Воска пласман во Третата лига обезбеди преку пат на бараж. Прво ја совлада екипата на Ѓагор на пенали, а во финалниот меч славеше со пресврт 3-2 против тимот на Лирија.

OhridNews