Екипата на Воска Спорт на стадионот „Грашница“ стартуваше со подготовките за дебитанската сезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Клупските цели во пресрет на новата сезона се високи односно напад на првата позиција и влез во Втората лига. Шампионот во прекинатата сезона во Општинската фудбалска лига за исполнување на целите ги засили редовите со фудбалери кои имаат долг второлигашки стаж.

Во следниов период тимот на Воска Спорт предводен од тандемот Митко Стојаноски и Гони Мерко ќе одигра тест средби за што подобра физички и тактичка подготвеност за третолигашките натпревари.

Се уште не е познат датумот за почеток на Трета МФЛ.

OhridNews