Конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Југозападниот и Пелагонискиот регион, се одржа денеска, информира Министерството за локална самоуправа.
Формирањето на МОУО од страна на градоначалниците од двата региона, меѓу кои е и Општина Охрид, е процес поддржан од Владите на Швајцарија и Шведска и претставува важен чекор во насока на модернизација на управувањето со отпад и усогласување со европските стандарди.
Соработката помеѓу двата региона денес претставува јасен показател дека државата се движи чекор поблиску до почисти општини, поквалитетни јавни услуги и поодговорен пристап кон заштитата на животната средина, соопшти соопшти Министерството за локална самоуправа.
На конститутивната седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад присуствуваа министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и Ане Лашкоска, заменик министер за животна средина и просторно планирање.
OhridNews
Фото: Министерство за локална самоуправа














