Уште една паралелка од профилот економски техничар е воведена во Средното општинско стручно училиште „Св. Кирил и Методиј – Охрид“, информираат од училиштето.
Успехот од воведување на уште една паралелка од профилот економски техничар ни претставува задоволство, а тоа се должи на посветената работа на раководниот кадар на училиштето, директорот Ристе Јанкоски и сите вработени кои во континуитет ја презентираат и потенцираат важноста и перспективите кои ги нуди економската струка и стручното образование, а тоа секако го препознаваат и идните средношколци кои покажаа голем интерес да го продолжат своето образование на еден од економските профили, велат од училиштето.
Упатуваат благодарност до сите вклучени страни и потенцираат дека со ова се покажало дека со меѓусебна соработка и разбирање се постигнуваат позитивни резултати за сите чинители на образовниот процес.
OhridNews












