Коалиција на младински организации СЕГА, од 24-ти до 26-ти јуни, во Охрид, ќе одржи семинар за заштита на детските права, во состав на проектот „Имплементирање на Конвенцијата за Правата на Детето во Македонија“. Проектот, освен во Охрид, се спроведува уште во 13 градови во Македонија: Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Ресен, Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Гевгелија и  Виница.

Целта на овој проект е да се анализираат состојбите во основните и средните училишта за тоа: колку децата ги знаат своите права, дали и колку учествуваат во креирањето на одлуките на Советите на наставници и родители, како и дали се нарушени нивните права на говор, изнесување на став и мислење, право на слободно изразување и критикување на одредени состојби. При тоа, акцентот се става на потребата од формирањето на институцијата  дете – омбудсман (дете – правобранител) кои би ги штител и застапувал детските права во основните и средни училишта.

На семинарот ќе учествуваат преставници (наставници, директори, психолози и социјолози) од основни и средни училишта од неколку градови од каде постои интерес за спроведување на дете – омбудсман во своите училишта. Ќе учествува и заменик Народниот правобранител, Невенка Крушаровска, како и претставници од Коалиција на младински организации СЕГА.

OhridNews