Утрово околу 05,50 часот на патен премин преку железничка пруга „Маџари“ товарен воз кој сообраќал на релација од Табановце кон Скопје удрил во патничко моторно возило „Фолксваген венто“, сопственост на МВР, а управувано од А.Б., полициски службеник во Полициска станица Гази Баба, кој починал на местото на настанот.

На местото на настанот извршен е увид, а истрагата треба да ги утврди причините за трагедијата.

OhridNews