Синоќа во 23:50 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил удрил во пешак (49) од Охрид и без да застане, го напуштил местото.

Пешакот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани телесни повреди и 1,69 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот по што, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против четири лица ба возраст од 36, 25, 21 и 18 години, сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“.

Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, а жртва била 23 годишна девојка од Скопје. Откако еден од осомничените ја забележал девојката, извесно време ја следел и во погоден момент, насилно ја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите пријавени, соопшти Димоски.

OhridNews