Возач на компанијата „Витаминка“ од Прилеп бил пронајден мртов покрај својот камион на завеан пат во Косово, соопштија тамошните власти.

Според првичните информации, најверојатно причина за смртта на возачот кој бил на возраст од 54 години е срцев удар. Телото на починатиот е предадено на обдукција со цел точно утврдување на причините за смртта,

Несреќниот возач бил пронајден покрај возилото во снегот, поради што првично се претпоставуваше дека починал од премрзнатост.

OhridNews