Во Струга на улицата „Пролетерски Бригади“, вчера, при вршење на службени дејствија од страна на двајца полициски службеници било сопрено патничко моторно возило со скопски регистарски таблици и на лицата во возилото им биле побарани документи за идентификација. По утврдениот идентитет на двете лица од Скопје, од страна на полициските службеници бил констатиран сообраќаен прекршок, односно дека едно од лицата како возач почетник не смеел да го управува возило по 23 часот. Откако едниот полициски службеник му кажал дека ќе му биде издаден мандатен налог, лицето почнало вербално да го навредува со погрдни зборови, му упатувал закани по животот, а потоа и физички го нападнал.

Пријавениот бил приведен во Полициската станица Струга за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот.

OhridNews