Охридската полиција изнесе детали за синоќешната сообраќајна незгода на улицата „Радојца Новичиќ“ во која животот го загуби Здравко Н. (62) од Охрид. 

Сообраќајната незгода се случила во момент кога патничко моторно возило марка „Фолксваген Пасат“ со охридски регистарски ознаки кое се движело по улицата „Радојца Новичиќ“, од Охрид кон селото Долно Лакочереј, преминало на левата коловозна страна и со предниот лев дел од возилото удрило во велосипед кој го управувал Здравко Н. По незгодата тој веднаш бил пренесен во специјалната болница Св. Еразмо каде им подлегнал на повредите.

Над Ќ.Н. (53) од Охрид, возач на автомобилот, извршено е алкотестирање при што утврдени се 1,08 % промили алкохол во крвта. Истиот, веднаш е исклучен од сообраќај и со потврда, привремено му е одземена возачка дозвола.- информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews