Дека јавната свест и културата на поединци се на исклучително ниско ново говори оваа фотографија направена на рекреативната патека од каналот Студенчишта до Горица. Непознат сторител уништил дрво од дрворедот кој треба да ја разубавува патеката.

Oва не е прв ваков инцидент на оваа патека. Иако сообраќајот тука е забранет, тоа не се почитува, а ниту физичките пречки не им пречат на поединци да возат во забранетата зона.

Од кога е изградена патеката од каналот до Горица евидентирани се бројни инциденти и оштетувања на јавните добра.

OhridNews