Во недела ќе се одржи 92-то издание на Оскарите, на кои Македонија со документарниот филм „Медена земја“ се натпреварува во две категории-за најдобар документарен филм и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Ова е првпат во историјата, македонски филм да биде номиниран во две категории за „Оскар“.

Како што се наближува одржувањето возбудата кај граѓаните расте, а на интернет веќе се објавуваат фаворитите кои годинава ќе го овојат Оскарот. Се организираат заеднички следења на директниот пренос во неколку градови низ земјава, а македонските иселеници во Америка најавија дека настанот заедно ќе го следат во Вашингтон.

На црвениот тепих во Холивуд ќе помине целата екипа од „Медена земја“, вклучувајќи ја и Атиџе Муратова.

Од Гугл информираа дека мекедонците се најбројни, односно се на првото место кога станува збор за пребарувања за теми поврзани со годинешните Оскари.

Во категоријата документарни филмови, на годинешното 92 издание на Оскарите, кандидати се: „Американска фабрика“ на Џулија Рајхерт и Стивен Богнар, „Кафез“ на Ферас Фајад, „Работ на демократијата“ на Петра Коста, „За Сама“ на Ваад Ал-Катеаб и Едвард Ватс и „Медена земја“.

OhridNews