Пилотот на Мерцедес, Нико Розберг победи на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн за голема награда на Австралија на почетокот од новиот Формула 1 шампионат.
За разлика од квалификациите, премиерната трка од сезонава ги оправда сите очекување на Ф1 сладокусците.
Розберг триумфираше пред Луис Хамилтон кој поради лошиот старт ја загуби пол позицијата и падна на шестата позиција.
Водството го презеде Германецот во болидот на Ферари, Себастијан Фетел се до несреќата на Фернандо Алонсо. Коцкањето на Фетел и неговиот тим со гумите ги чинеше победа и пад на третата позиција.
Четврти заврши Даниел Рикиардо од Ред Бул, петторката ја комплетираше Филепе Маса од Вилијамс, а бодови на првата трка сезонава освоија уште Роман Грожан (Хаас), Нико Хулкенбергер (Форс Индијана), Валтери Ботас (Вилијамс), Карлос Сајнц Јуниор (Торо Росо) и Макс Верстапен (Торо Росо).
Втората трка од новата сезона ќе се одржи во Бахреин од 1 до 3 април.
Мх.П.












