Со натпреварите од првото коло по групи вечерва почна 27-то издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп“ во Волино. Победи забележаа екипите на Кафе бар Лавадо, Новапор и Кибо пласт.
Резултати недела, 10.08.2025
Брумел – Кафе бар лавадо 1:2
Ресорт бате боле – Новапор 1:2
Блу фиш – Кибо пласт 0:5
Турнирот продолжува денеска, понеделник, со три натпревари од групната фаза.
Распоред на натпревари понеделник, 11.08.2025
20:00 Мартиник мебел – Македонија
21:00 Гранит Х – Дооел Ноче
22:00 Чардак Велгошти – Гостилница Кај Мече
Г.М.