Водечкиот тенисер на светската рејтинг листа Новак Ѓоковиќ со триумфот над Томаш Бердрих (6-3, 7-5) ги комплетираше полуфиналистите на завршниот мастерс турнир во Лондон.
Противник на српскиот тенисер во полуфиналето ќе биде стариот ривал Рафа Надал кој во Лондон потсети на своите најдобри денови.
Втората полуфинална двојка ќе ја сочинуваат Рожер Федерер и второпласираниот од втората група.
За втората позиција во директна пресметка ќе решаваат Стен Вавринка и Енди Мареј.
Полуфиналните пресметки ќе се одиграат на 21 ноември во сабота.
Ohridnews











