Без победник (2-2) заврши „Ел класико“ дербито помеѓу Барселона и Реал Мадрид, кое се одигра во рамките од 36-та рунда во шпанската Примера. На дербито на Ноу Камп имаше од се по нешто, а на крајот најзадоволни ќе бидат навивачите на Барселона и фудбалските сладокусци. Каталонците ја продолжија серијата без пораз во Ла лига, а неутралните навивачи имаат можност да гледаат возбудливо и содржајно дерби.
Возбудувањата во Барселона ги најави Луис Суарез, кој со погодок ја круниса маестралната акција за водство 1-0 после 10 минути игра. Одговор од „кралевите“ стигна за пет минути, преку Кристијано Роналдо кој погоди за егал. Пред крајот на првиот дел страстите се разгорија, а тоа резултираше со пет жолти картони и еден црвен за Серхио Роберто. Фудбалерот на Барселона без топка со тупаница го удри Марсело. Судијата Ернандез го забележа и му покажа директен црвен картон.
Во второто полувреме каталонците и со фудбалер помалку во поле успеаја да погодат и да дојдат до ново водство во текот на дербито. Стрелец на погодокот беше Лионел Меси. Сепак, Реал Мадрид притисна и теренската иницијатива ја капитализираше со изедначувачкиот погодок на Герет Бејл.
Инаку, пред почетокот на натпреварот Реал Мадрид не ја испочитува традиција и не направи шампионски пречек за фудбалерите на Барселона, кои една рунда претходно ја осигураа титулата.
OhridNews