Без голови и без победник мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл кој е прв на програмата од третата рунда во Премиер лигата.
Од почетокот па се до крајот на натпреварот домаќините ја имаа иницијативата и доминатноста на теренот, но не успеаја да го совладаа расположениот Томас Крул на голот.
Ударите на Вејн Руни, Мемфис Депај, Хуан Мата и Чичарито вешто ги скротуваше Крул, а голема пофалби одат и на сметка од одбраната која храбро ги издржа сите налети на „ѓаволите“.
И гостите имаа свои шанси преку српскиот репрезентативец Митровиќ кој ја погоди гредата и Папис Сисе кој биеше покрај голот во самиот финиш од натпреварот.
Резултати : Мен Ју – Њукасл 0-0, Кристал Палас – Астон Вила 2-1, Лестер – Тотенхем 1-1, Норвич – Стоук 1-1, Сандерленд – Свонси 1-1, Вест Хем – Бурнмаут 2-4.
Мх.П.