Без победник (1-1) заврши дербито помеѓу второпласираната Валенсија и лидерот на табелата во Шпанија, Барселона во 13-та рунда од Ла Лига.
 
 
Водечката пресметка на „Местаља“ понуди борбен и атрактивен фудбал. „Лилјаците“ со голот на Родриго поведоа со 1-0 во 60-та минута, а бројките на семафорот ги изедначи Жорди Алба.

Сепак, фудбалерите не беа во центар на вниманието, откако вториот асистент на главниот судија Игнаси Инглесиас не забележа дека топката после ударот на Меси ја мина гол линијата при резултат 0-0.

 
 
Барселона ја задржа предноста од четири бодови во однос на Валенсија и се уште е без пораз во најсилната лига во Шпанија.
OhridNews