Без голови и без победник заврши дерби пресметката меѓу Интер и Јувентус во осмата рунда од италијанската Серија А.
Иако мечот заврши со непопуларниот резултат возбудувањата не изостанаа во супер дербито на Џузепе Меаца.
Домаќините најдобрата прилика ја имаа преку хрватскиот репрезентативец Брозовиќ кој ја погоди гредата додека гостите имаа колосолна шанса, но ударот на Кедира на среќа од Хандановиќ заврши во стативата.
Интер со освоениот бод се доближи на еден бод од лидерот Фиорентина додека „бјанконерите“ се уште се наоѓаат во долниот дел од табелата.
Ohridnews











