Денеска во 17:00 часот на ул. ”Железничка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид сопреле патничко возило “БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишен жител на Охрид, при што било констатирано дека возилото го управувал со впишана заштитна мерка “забрана за управување со моторно возило од Б категорија”.
Известен е јавен обвинител, возилото е одземено и по документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ “безобѕирно управување со моторно возило”, соопшти МВР.
OhridNews












