Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај на магистралниот пат А2, делница: Кичево-Охрид (Пресека-Песочани) од км 2+397 до 3+910, има измена на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи. Режимот на сообраќај е предвиден со девијации, односно преминување од една на друга сообраќајна лента. Измената почна вчера, а ќе трае до завршување на градежните работи.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

OhridNews