Сообраќајот на сите државни патишта во земјава се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.

Како што информираат од АМСМ, појава на магла со видливост од 50 до 100 метри има кај Охрид, Струга, Делчево, К.Паланка, Страцин, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп и Битола.

Оттаму препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews