Според најновите информации од Авто- мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани и ограничувања во зимски услови , по местимично влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.

Поради ниските температури на планинските превои, клисурите и мостовите има појава на голомразица. Посебна внимателност се препорачува на патниот правец Дебар – Струга  поради почеста појава на одрони.  

До сите возачи се апелира да возат исклучително внимателно , со прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.

OhridNews