Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ.

Поради појава на магла има намалена видливост од 50 до 100 метри, во Тетово и Штип.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.