Несовесни граѓани секојдневно со своите возила го блокираат влезот во Дневниот центар „Зраци“, што се наоѓа на улицата „7-ми ноември“ во зградата на основното училиште „Братство и единство“.
Со оглед на тоа дека повеќето од згрижените лица во центарот се движат отежнато, неопходна им е придружба при влегување и излегување во објектот. Просторот е потребен и за кратко паркирање на возилата на нивните блиски кои ги носат и земаат од центарот, со цел лицата веднаш да влезат во возилата. Поради блокирањето на влезот, сето ова е речиси невозможно да се изведе.
Од центарот со апел за поголема свест кај граѓаните, да не го блокираат влезот. Истовремено ја повикуваат и сообраќајната полиција да помогне во решавање на проблемот.
OhridNews












