Сообраќајна незгода се случи утрово околу 10 часот кај селото Климештани, охридско. Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, едно патничко возило марка „Пежо“ со охридски регистарски таблички излетало од патот, но за среќа во незгодата нема повредени.
На местото на незгодата увид изврши сообраќајната полиција.
OhridNews