Вчера во 09.30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Врбајни, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 58-годишен жител на Кичево, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews