Едно лице полесно е повредено во сообраќајната незгода што утрово околу 5 часот се случила на регионалниот пат Охрид –Св. Наум во близина на Хидробиолошкиот завод. Како што информираат од СВР Охрид возило „мазда“ со скопски регистарски таблички се превртило, а причина за незгодата биле алкохолот и преголемата брзина.

Извршен е увид на местото на несреќата, за време на кој сообраќајот на овој фрекфентен патен правец се одвивал во една коловозна лента.

OhridNews