Незгодата се случула вчера во 13.00 часот во Охрид на бул.„Туристичка“.

Како што информира полицијата, патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 51-додишен гостиварчанец, удрило во 67-годишна жена од Охрид.

Жената била пренесена во болницата „Св. Еразмо“-Охрид, каде од страна на лекар биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информира МВР.

OhridNews