Името на данската тенисерка со полски корени Каролин Вознијацки ќе остане запишано во мемоарите на Австралија Опен, откако 27-годишната тенисерка на годинешното издание се искачи на највискиот трон. Во финалето во женска конкуренција Данкињата со 2-1 во сетови ја совлада романската тенисерка Симона Халеп.

Вознијацки до првата грен слем титула во кариерата стигна во третиот обид. Претходно, порази во финалните натпревари данската претрпуваше на УС Опен во 2009 и 2014 година.

– Овој момент го чекав толку долго, долго. Гласот се уште ми се тресе и плачам иако можам да се контролирам. Конечно, никогаш повеќе нема да биде поставено прашањето како сум прва во светот без освоен грен слем турнир. Токму затоа на овој трофеј му се радувам како никој претходно иако сите ми се драги затоа што се плод на огромен вложен труд. Ајде, сега го чекам второто прашање – низ смеа и со солзи во очите ги кажа првите впечатоци 27-годишната тенисерка после примањето на трофејот.

Симона Халеп не само што го изгуби финалниот меч, туку ја изгуби и првата позиција која и ја презеде новата шампионка на Австралија Опен, Вознијацки.

Трета среќа за прва титула на Каролин Вознајацки

ОhridNews