По елиминацијата на Австрија во бараж пресметката, машката ракометна репрезентација избори пласман на завршницата на СП во Шпанија.

“Македонската фаланга“ премиерата на светскиот собир ќе ја има против селекцијата на Чиле. Во второто коло Македонија повторно има “лесна“ задача кога ќе се сретне со Катар. .

Од третото коло Македонија ја очекуваат дерби пресметките со европските конкуренти. Во третото коло избраниците на Шундовски играат со Русија, во четвротот со Исланд додека “црвено жолтите“ групната фаза ја завршуваат со дерби пресметката против Данска.

Групата во која се наоѓа и Македонија во 1/8 финалните дуели ќе вкрсти со групата А во која се сместени: Франција, Германија, Аргентина, Тунис, Црна Гора, Бразил.

Мх.П.