– Тука би студирале студенти од Македонија и пошироко, а во самата иницијатива се интегрирани повеќе факултети. Прво трансформирање на факултетот за туризам во два факултети, тоа е факултетот за еконономски науки и претприемништво и традиционлниот факултет за туризам и угостителство. Потоа трансформирање на универзитетот Св. Апостол Павле во универзитетот со сите постоечки факултети кои егзистираат во рамките на тој универзитет. Отворање на факултет за историски науки во кој би влегле археологија архивистика, вели проф. д-р. Стефан Буџакоски.
Според идејата на Буџакоски, во рамки на возобновениот „ Св. Климентов универзитет“ голема улога би имал и Хидробилошкиот институт кој би влегол како образовна институција, со проширување на студиски програми што ќе значат пошироко навлегување во науката.
– Овој проект на Охрид ќе му биде влечна сила бидејќи во Охрид ќе се концентрираат лица кои ќе се занимаваат со наука и студенти кои покасно ќе ги распределиме во општеството и да ги поврзуваме меѓу себе со концептот на доживотно учење, на тој начин да се етикетираат добрите студенти и да се повлекуваат во процесот“, потенцира Буџакоски.
Иницијативата беше презентирана и пред градските татковци, на неодамна одржаната втора седница на Локалниот економски совет.