Вчера во 15:15 часот часот во СВР Охрид било  пријавено дека на плажа пред хотел на охридското крајбрежје, од водите на Охридското Езеро бил извлечен Р.М.(77) од селото Пласница, Македонски Брод.

По извршена реанимација, од страна на Итна медицинска помош кај лицето била констатирана смрт, без траги на насилство. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, појаснувајќи дека не се работи за давеник.

По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството.

OhridNews