Враќањето на Зинедин Зидан на „Сантијаго Бернабеу“ ги израдува навивачите, но не и Герет Бејл, кој најверојатно го поминува последните месеци во дресот на Реал Мадрид.

Како што пренесува весникот „АС“ една од работите кои ги побарал Зидан од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е продажба на Бејл. Причината е слабата форма на велшкиот репрезентативец и проблемите кои настануваат поради него во соблекувалната. Од финансиска гледна точка „кралевите“ би се ослободиле од најплатениот играч и веднаш се отвора простор за ангажман на друга фудбалска супер ѕвезда.

На врвот од желбите на Зидан се наоѓа Еден Азард, а симпатии покажува и кон Килијан Мбапе. Едно е јасно дека Реал Мадрид ќе бидат активни во летниот преоден рок, а тоа носи дополнителна бозбуда, бидејќи шпанскиот гигант секогаш пријатно изненадува на трансфер пазарот.

OhridNews