22-годишна скопјанка, вработена во казино, „заработи“ кривична пријава затоа што уплаќала пари без покритие.

Имено, пријавената во повеќе наврати извршила уплати на пари на повеќе апарати без покритие, поттикната од лице од Сарај, со кое претходно се договарала и ги планирала дејствијата. Во корист на второпријавениот таа уплатила парични средства без покритие во вредност од 474.888 денари.

Против скопјанката поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, а против второто лице кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ во врска со „поттикнување“ и ,,соизвршителство“.